понеделник, 8 декември 2025

Муцунски – Ландау: Потврдена конструктивната и блиска соработка со САД

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија Тимчо Муцински денеска телефонски разговарал со заменик-државниот секретар на Соединетите Американски Држави, Кристофер Ландау, при што била потврдена конструктивната и блиска соработка со САД, како и заедничката определба за унапредување на регионалната стабилност, економската соработка и сојузништвото во рамките на НАТО.

Објавено на

часот

Сподели

„Денеска остварив телефонски разговор со заменик-државниот секретар на Соединетите Американски Држави, Кристофер Ландау. Во разговорот ја потврдивме конструктивната и блиска соработка со САД, како и заедничката определба за унапредување на регионалната стабилност, економската соработка и сојузништвото во рамките на НАТО Алијансата“, објави Муцунски на фејсбук.

Во разговорот, како што информира Муцунски, размениле мислења за потенцијалот и подготвеноста за понатамошно продлабочување на економските врски, вклучително и зголемување на трговската размена и привлекување нови инвестиции.

„Ја реафирмирав нашата силна посветеност кон унапредување на билатералните односи со САД, како и кон зајакнување на заедничките напори за безбедност, стабилност и просперитет во регионот“, нагласи Муцунски.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ