четврток, 29 јануари 2026

Муцунски – Кос: Телефонски разговор за економските предизвици со превозниците, тарифите за челик и евроинтегративниот процес

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, попладнево оствари телефонски разговор со еврокомесарката за проширување, Марта Кос, во кој фокусот на разговорот бил ставен на актуелните економски предизвици и евроинтегративниот процес.

Објавено на

часот

Сподели

Како што соопшти МНРиНТ, соговорниците размениле мислења за изнаоѓање конкретно и одржливо решение за предизвиците со кои се соочуваат професионалните превозници, како и за прашањето поврзано со тарифите за челик.

„Во тој контекст, министерот Муцунски ја нагласи потребата од навремена и координирана реакција, со цел да се избегнат дополнителни негативни ефекти врз домашната економија“, се вели во соопштението.

Во контекст на евроинтегративниот пат на државата, министерот Муцунски, се додава, ја потврдил јасната и силна посветеност кон реформскиот процес, обезбедувањето континуитет во неговото спроведување, како и усвојувањето на законите кои се составен дел од европската агенда.

 

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ