На средбата била нагласена важноста на континуираната соработка и бил истакнат ангажманот на Канцеларијата на Високиот комесар.
„Заеднички констатиравме дека нашата држава доследно ги исполнува обврските содржани во фундаменталните документи на ОБСЕ. Воедно, се осврнавме и на досегашната успешна соработка со Канцеларијата, која обезбедува совети и експертиза за неколку важни проекти, при што изразивме подготвеност за нејзино натамошно унапредување, со цел остварување на заедничката заложба – градење соживот, унапредување на меѓуетничката интеграција и толеранција, како и поттикнување на инклузивно и кохезивно општество“, објави Муцунски на Фејсбук.