недела, 13 јули 2025

Муцунски – Калас: Да се почитува меѓународното право и да се избегне ескалација на Блискиот Исток

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија Тимчо Мучунски, попладнево оствари телефонски разговор со високата претставничка на Европската унија за надворешни работи и безбедносна политика, Каја Калас.

Објавено на

часот

Сподели

Во разговорот, високата претставничка Калас ја потврдила континуираната поддршка за европската интеграција на Македонија, соопшти МНР.

Министерот Мучунски ја реафирмирал посветеноста на Македонија на европските вредности – владеење на правото, дијалог и добрососедска соработка – како темели на процесот на пристапување кон Европската унија.

Станало збор и за регионалното поврзување, при што Муцунски ја подвлекол поддршката за Коридор 8 како стратешки приоритет за инфраструктурна интеграција на регионот.

Муцунски и Калас размениле мислења и за состојбите на Блискиот Исток, заеднички нагласувајќи ја потребата од почитување на меѓународното право и избегнување на понатамошна ескалација, пишува во соопштението од МНР.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ