понеделник, 5 мај 2025

Муцунски – Јон: Продлабочување на соработката со Светскиот економски форум

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски денеска остварил средба со Дитрих Јон, одговорен за Европа и Евроазија во Светскиот економски форум.

Објавено на

часот

Сподели

Во фокусот на разговорот, објави Муцунски на неговиот Фејсбук-профил, биле можностите за продлабочување на соработката со Светскиот економски форум, во насока на иницирање нови партнерства и заеднички иницијативи во областите на економскиот развој, дигиталната трансформација, иновациите и одржливоста.

„Заеднички ја нагласивме важноста од силна соработка помеѓу владите, бизнис-секторот и граѓанското општество за справување со современите глобални предизвици. Разменивме и мислења за актуелните регионални и глобални трендови“, напиша на Фејсбук министерот Муцунски.

Тој упатил, како што напиша на ФБ, искрена благодарност до Светскиот економски форум за неодамнешното признание „Млад глобален лидер за 2025 година“ и изразил подготвеност да придонесувам кон понатамошно споделување на вредностите што оваа организација ги промовира.

 

 

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ