Двајцата соговорници изразија задоволство од одличната билатерална соработка и ја потврдија подготвеноста за нејзино понатамошно унапредување во сите области од заеднички интерес. Во таа насока, министерот Муцунски ѝ упати покана на министерката Спиропали за билатерална посета на нашата земја, на која ќе бидат разгледани конкретни иницијативи за продлабочување на соработката.
Во телефонскиот разговор стана збор и за европската перспектива на двете држави и за заедничките активности на патот кон Европската Унија. Во тој контекст, беше потенцирано значењето на инфраструктурното поврзување, со посебен акцент на стратешката важност на коридорот 8, како проект од регионално значење.
Воедно, беше нагласена важноста на негувањето на добрососедските односи, како и заедничкиот придонес на двете земји кон стабилноста и безбедноста во регионот.






