четврток, 25 декември 2025
Локални избори 2025

Муцунски: Извесна и сигурна е победата на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата

Очекуваме одличен изборен резултат и победа која ќе биде победа на граѓаните, изјави на првата прес-конференција по затворањето на гласачките места од локалните избори, Тимчо Муцунски, потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ. Тој вели дека победата на ВМРО-ДПМНЕ е извесна и сигурна.

Објавено на

часот

Сподели

„Имаме неколку информации за инциденти кои треба да фрлат дамка на изборниот процес. Сакаме да ве увериме дека победата ќе биде чиста и јасна и тоа за нас е одговорност која не смееме да ја изневериме. Нашите очекувања се резултат кој што е подобар од резултатите од локалните избори во 2021 година, но прерано е да зборуваме. Ќе имаме дополнителни прес-конференции. Извесна и сигурна е победата на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата“, изјави Муцунски.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ