„Независно од тоа, максимално го осудуваме инцидентот. МВР дава голем фокус на процесот на истрагата и за подетални одговори со истрагата, бидејќи не сакам да и наштетам, би Ве упатил да побарате одговор од МВР. Но, она што би сакал да го кажам е дека институционално има брз и ефикасен одговор од наша страна“, изјави денеска Муцунски.
Одговарајќи на новинарско прашање, Муцунски рече дека за жал не може да се контролира секој кривично-правен настан што се случува на територија на државата, но дека најважно е дека веќе тој инцидент е осуден од наша страна и се рабтои на целосно расветлување на случајот.
„Наша одговорност како држава е прво да дадеме објективен одговор, да го осудиме настанот, а потоа и нашите институции максимално брзо да ги преземат сите потребни дејствија и мислам дека од наша страна е максимално коректно одговорено до овој момент. Се надевам дека брзо ќе заврши истрагата од страна на МВР“, рече Муцунски.
Министерството за внатрешни работи вчера инфомираше за случајот посочувајќи дека е скршено стакло на влезната врата на Бугарската амбасада.






