петок, 5 декември 2025

Mуцунски и Муртезани со Калас разговараа за заедничката надворешна и безбедносна политика на ЕУ

Ја потврдивме посветеноста на реформите, европскиот интегративен процес и продлабочувањето на партнерството со Унијата во областа на безбедноста и одбраната, биле темите на средбата на високата претставничка за надворешни работи и безбедносна политика на Европската Унија, Каја Калас со македонските минитри Тумчо Муцунки и Орхан Муртезани.

Објавено на

часот

Сподели

„Ја реафирмиравме целосната усогласеност со Заедничката надворешна и безбедносна политика на ЕУ, поддршката за Украина, како и значењето на регионалната поврзаност и стратешките инфраструктурни проекти, меѓу кои и Коридор 8.
Упативме и јасна порака за важноста од предвидлива, фер и опиплива европска перспектива за целиот регион. Забрзаната и фер динамика на процесот ќе придонесе за зајакнување на кредибилитетот, демократската отпорност и безбедноста на регионот и Европа“, напиша Муцунски на својот фејбук-профил.
ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ