среда, 13 август 2025

Муцунски го прими министерот на Катар султан Бин Саад Ал Мураики

Двајцата министри се согласија дека посетата претставува потврда за споделените вредности и заемната посветеност кон подинамичен развој на билатералните односи, со посебен акцент на економските врски и трговската размена.
На средбата стана збор и за севкупните односи меѓу двете земји и можностите за нивно понатамошно унапредување, при што беше изразено задоволство од досегашната соработка, вклучително и во рамките на мултилатералните организации. Посебно внимание беше посветено на развојот на економските и бизнис-релациите, како и на потенцијалот за унапредување на образовната и културната соработка.
Дополнително, беа отворени прашања поврзани со унапредување на договорната рамка, повторно воспоставување на директната авионска линија Скопје–Доха, како и други форми на секторска соработка.
Разговорите опфатија и теми од регионален и меѓународен карактер, вклучително и актуелните глобални предизвици од заеднички интерес за двете земји, соопшти Министерството за надворешни работи.

Објавено на

часот

Сподели

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ