понеделник, 15 декември 2025

Муцунски: Генерален конзулат во Корча – затоа што грижата за Македонците во Албанија се мери со дела

„Грижата за Македонците во Албанија се мери со дела. Македонците од Мала Преспа, Поградец, Голо Брдо и Гора се предалеку од Тирана. Време е да им се доближиме“, порачува министерот за надворешни работи и надворешна трговија Тимчо Муцунски во видеопорака на Фејсбук по денешната одлука на Владата за отворање на генерален конзулат во Корча.

Објавено на

часот

Сподели

„Конзулат во Корча со јурисдикција во целиот регион. Побрз и полесен пристап до конзуларни услуги. Поддршка за културни, образовни и економски врски. Посилна грижа за интересите на нашите граѓани. Брз, достапен и квалитетен сервис. Ова се конкретни чекори, а не празни зборови“, наведува Муцунски

Владата денеска на предлог на Министерството за надворешни работи и надворешна трговија донесе одлука за отворање на генерален конзулат во Корча со јурисдикција во целиот регион.

„Граѓаните мора да имаат брз и ефикасен сервис и услуги, поддршка за културни, образовни и економски врски. Владата продолжува со конкретни мерки и политики кои имаат за цел да ја потврдат вистинската грижа за подобрување на стандардот и враќање на довербата на граѓаните во институциите“, соопштија од Владата.

Генералниот конзулат ќе има јурисдикција врз подрачјата Корча, Мала Преспа, Подградец, Голо Брдо и Гора, и ќе работи во целосна координација со Амбасадата во Тирана. Неговите клучни надлежности ќе опфаќаат обезбедување конзуларни услуги, економска и културна промоција, како и унапредување на билатералната соработка во поширокиот регион.

 

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ