понеделник, 15 декември 2025

Муцунски – Фидан: Зајакнување на економската соработка и искористување на инвестициските можности меѓу Македонија и Турција

На маргините на состанокот на Балканската платформа за мир, министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, денеска во Истанбул оствари средба со својот турски колега, министерот за надворешни работи, Хакан Фидан.

Објавено на

часот

Сподели

На средбата се разговараше за унапредување на билатералните политички односи, зајакнување на економската соработка и искористување на инвестициските можности. Соговорниците се осврнаа и на продлабочување на соработката во други области од заемен интерес.

Двајцата министри го потврдија силното пријателство меѓу двете држави, тесната соработка во рамките на НАТО, како и заемната поддршка во мултилатералните организации. Разговорите опфатија и актуелни регионални и геополитички прашања, со акцент на важноста од стабилен и просперитетен Балкан.

Средбата се одржа во рамки на првиот состанок на Балканската платформа за мир, иницирана од министерот за надворешни работи на Република Турција, Хакан Фидан.

 

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ