Муцунски: Европската целина ќе биде комплетна само ако земјите од регионот станат нејзин дел
Западниот Балкан е составен дел од Европската Унија. Европската целина ќе биде комплетна само ако земјите од регионот станат нејзин дел. Забрзана интеграција, што ќе значи и вистинска европеизација на овој дел од континентот, рече македонскиот министер за надворешни работи Тимчо Муцунски на попладневниот настан во организација на Атлантскиот совет од Вашингтон што се одржа во амфитеатарот на Министерството за надворешни работи во Скопје. Овој настан се одржа на маргините на самитот на Европската Унија и Западен Балкан, посветен на Планот за раст.

Објавено на
часот





