сабота, 6 декември 2025

Муцунски: Државата конечно воспоставува системска и долгорочна соработка со дијаспората

Утрово во Владата беше претставен предлог-текстот на „Националната стратегија за соработка со дијаспората 2025–2030“, петгодишен план чија цел е унапредување на врските со дијаспората, иселениците и припадниците на македонското национално малцинство.

Објавено на

часот

Сподели

Министерот Тимчо Муцунски истакна дека документот ја претставува обврската, зрелоста и одлучноста на државата конечно системски и долгорочно да им се посвети на македонските граѓани што живеат надвор од државата.

Тој нагласи дека стратегијата не е создадена зад затворени врати, туку во партнерство со институции, експерти, организации и самата дијаспора, како важен чекор кон модерна, дигитална и доверлива администрација.

„Создаваме систем, а не импровизација, партнерство, а не протокол, долгорочна визија, а не ад-хок мерки“, порача Муцунски, додавајќи дека државата ја гледа дијаспората како мост и партнер, а не како „замината“.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ