сабота, 20 декември 2025

Муцунски: Дијаспората има значајна улога во промоцијата на македонската традиција на американско тло

Во рамки на завршните активности од посетата на САД, министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, заедно со претседателката Гордана Сиљановска-Давкова, ја посетија Македонската православна црква „Раѓањето на Пресвета Богородица“ во Стерлинг Хајтс, Мичиген, како и Неделното црковно училиште во кое 120 деца имаат можност да се запознаат со православната вера, македонската традиција и да го изучуваат македонскиот јазик.

Објавено на

часот

Сподели

Делегацијата присуствуваше на утринската литургија што ја одржа отецот Синиша Ристовски и оствари средба со бројната македонска дијаспора.

Министерот Муцунски истакна дека дијаспората претставува силен мост меѓу двете земји и има значајна улога во градењето на врските меѓу македонското и американското општество, како и во промоцијата на македонската култура и традиција на американско тло.

„Изразуваме благодарност за топлиот прием. Остануваме цврсто посветени на зајакнување и продлабочување на контактите со нашата дијаспора,“ порача министерот Муцунски.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ