недела, 1 март 2026

Муцунски – Бин Зајед: Силна поддршка, осуда на нападите и повик за деескалација

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, оствари телефонски разговор со заменик-премиерот и министер за надворешни работи на Обединетите Арапски Емирати, шеикот Абдула бин Зајед Ал Нахјан. Како што соопшти Министерството за надворешни работи и надворешна трговија, во разговорот, министерот Муцунски изразил цврста солидарност и целосна поддршка кон Обединетите Арапски Емирати, упатувајќи најдлабоко сочувство за жртвите од нападите.

Објавено на

часот

Сподели

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, оствари телефонски разговор со заменик-премиерот и министер за надворешни работи на Обединетите Арапски Емирати, шеикот Абдула бин Зајед Ал Нахјан.

Како што соопшти Министерството за надворешни работи и надворешна трговија, во разговорот, министерот Муцунски изразил цврста солидарност и целосна поддршка кон Обединетите Арапски Емирати, упатувајќи најдлабоко сочувство за жртвите од нападите.

Тој остро ги осудил нападите извршени од Иран врз Обединетите Арапски Емирати, оценувајќи ги како сериозна повреда на принципите на меѓународното право, вклучително и почитувањето на државниот суверенитет и територијалниот интегритет.

„Министерот Муцунски нагласи дека во услови на зголемени регионални тензии, неопходни се воздржаност, одговорност и дипломатски ангажман, со цел спречување понатамошна ескалација и зачувување на стабилноста и мирот во регионот“, пишува во соопштението.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ