петок, 5 декември 2025

Муцунски во работна посета на Литванија

На покана на литванскиот министер за надворешни работи Кештутис Будрис, од синоќа до сабота министерот за надворешни работи и надворешна трговија Тимчо Муцунски престојува во посета на Литванија.

Објавено на

часот

Сподели

Во рамки на посетата, покрај средбата со својот домаќин, Муцунски во литванскиот Парламент  ќе оствари средба со литвански пратеници – членови на комисиите за надворешни работи, ЕУ прашања и членови на Групата за соработка со земјите од Западен Балкан.

Во фокус на разговорите на вториот ден од посетата ќе бидат економските потенцијали и развојот на трговските односи, при што министерот Муцунски ќе ја посети литванската Конфедерација на индустријалци, каде ќе оствари средба со претседателот на Конфедерацијата Видмандас Јанулевичиус, а во  Министерството за економија ќе се сретне со министерот Eдвинас Грикшас.

Во Вилнус, министерот Муцунски ќе оствари средба и со македонски иселеници кои живеат и работат во Литванија.

„Ова е прва посета на министерот Муцунски на Вилнус и се реализира во годината во која двете земји одбележуваат 30 години од воспоставувањето на дипломатските односи. Целта на посетата е севкупно интензивирање на билатералните односи, со посебен акцент на продлабочувањето на економската соработка меѓу двете земји. Главни теми на разговорите ќе бидат билатералните односи, македонската интеграција во ЕУ, како и клучни регионални, европски и трансатлантски прашања“, велат од Министерството за надворешни работи и надворешна трговија.

По пристигнувањето во Вилну Муцунски на војот фејсбук профил напиша: „Почнуваме билатерална посета посветена на уште посилно партнерство со важен сојузник во НАТО и искрен поддржувач на нашиот евроинтегративен пат“.
ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ