На средбата, како што стои во објавата на Фејсбук, била нагласена заедничката подготвеност и потребата од понатамошно унапредување на билатералната соработка – преку интензивиран политички дијалог, приоритетно поврзување во инфраструктурата и енергетиката, како и нова динамика во економијата, културата и туризмот.
„Притоа, упатив искрена благодарност за навремената и висококвалитетна медицинска помош што Грција ја обезбеди за дел од повредените во трагедијата во Кочани – силен гест и одраз на искрено пријателство меѓу две соседни земји“, наведува министерот.
Во соопштението од Министерството за надворешни работи и надворешна трговија се посочува дека двајцата министри ја нагласиле заедничката подготвеност и потребата од понатамошно унапредување на билатералната соработка – преку интензивиран политички дијалог, приоритетно поврзување во сферата на инфраструктурата и енергетиката, како и нова динамика во економијата, културата и туризмот.