„Ова претставува историски чекор кон дигиталната инклузија и еднаквост. Со поддршка на тимот од AccessWay, овозможивме веб-страницата на министерството да стане достапна за сите корисници, вклучително и за лицата со визуелна, моторна или когнитивна попреченост. Ова исклучително достигнување испраќа силна порака – Инклузијата започнува од пристапот!“, се вели во соопштението.
Министерството ги повикува сите јавни институции да го следат нивниот пример.
„Заедно можеме да изградиме општество и иднина што ќе биде поправична, поеднаква и поинклузивна за сите. Посетете ја: www.mtsp.gov.mk“, се наведува во соопштението.