Претставници на компанијата денеска ги посетија децата од Заводот за рехабилитација на слух, говор и глас, на кои им беа доделени новогодишни пакетчиња, подготвени со посебна грижа и внимание. Со оваа иницијатива, МТЕЛ уште еднаш испрати силна порака за солидарност, поддршка и грижа за најмладите, кои заслужуваат празниците да ги дочекаат со насмевка и радост.
Новогодишните пакетчиња беа симбол на внимание и подадена рака, но и потсетник дека заедништвото и хуманоста се вредности што треба да се негуваат секојдневно. Во празнична атмосфера, исполнета со топлина и позитивна енергија, беше споделен момент на радост што ја надминува материјалната вредност и остава трага во срцата.
„Празниците нè потсетуваат дека најголемата вредност е во споделувањето и грижата за другите. Преку оваа активност сакаме да им подадеме рака на децата и да им подариме момент на радост и внимание. Како општествено одговорна компанија, МТЕЛ и понатаму ќе продолжи да ги поддржува иницијативите што создаваат позитивни приказни и вистинско значење за заедницата. Заедно за радост“, изјавуваат од МТЕЛ.

Како компанија која континуирано инвестира во општествено одговорни проекти, МТЕЛ останува доследна на својата мисија – да биде активен и одговорен партнер на заедницата, поддржувајќи иницијативи што носат вистинска вредност и позитивна промена.
Заедно за радост – затоа што празниците се најубави кога се споделени, соопштува МТЕЛ.






