понеделник, 8 декември 2025

Мртов маж најден покриен со земја и предмети, ОЈО го истражува случајот

Дежурен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Кавадарци извршил увид на лице место во куќа во која е пронајдено безживотно тело на 42-годишен маж, информираше попладнево Јавното обвинителство на Македонија.

Објавено на

часот

Сподели

Телото било пронајдено покриено со земја и предмети во помошни простории, што првично упатува дека смртта е резултат на кривично дело. Семејството се обидувало неколку дена да го лоцира сега починатиот, кој живеел сам, појаснија од Обвинителството.

Со цел расчистување на настанот, јавниот обвинител издал наредба за обдукција на починатиот.

„Од лице место подигнати биле траги и материјални докази кои ќе бидат предмет на вештачење. Се издаваат наредби и насоки за откривање на сторител“, соопштија од Обвинителството.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ