„Програмскиот совет на МРТ заклучи дека со емитувањето на содржината на МРТВ2, е констатирано прекршување на посебните забрани од член 48 од Закон за АВМУ. Програмскиот совет го задолжува директорот на МРТ согласно законските надлежности да преземе соодветни активности и мерки за утврдување на одговорноста во врска со констатираното прекршување“, се вели во заклучокот на Програмскиот совет на МРТВ.
Постапката е во тек, велат одговорните на МРТ. Одговорната уредничка на МТВ2 е Мерита Гаши, која била на боледување кога спорната детска песна била емитувана. Скандалозната песна за „Голема Албанија“ беше емитувана на 28 март на МТВ 2, во рамки на детска фестивалска програма. 13-годишното девојче беше облечено во маичка со мапа на „Голема Албанија“.
Агенцијата за аудио и аудиовизуелни услуги соопшти дека со емитувањето на оваа содржина Македонската радио-телевизија го прекршил член 48 од Законот за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги.






