недела, 14 декември 2025

Мостот на поезијата во Струга денес и утре ќе биде затворен за сообраќај

Поради поставување сценографија на Мостот на поезијата за свеченото затворање на Струшките вечери на поезијата денес и утре ќе биде затворена за сообраќај дел од улицата „Партизанска“ во Струга, соопшти  СВР Охрид.

Објавено на

часот

Сподели

Според информацијата, затворен за сообраќај ќе биде Мостот на поезијата од 15 часот денес до недела на полноќ.

Во рамките на програмата денес на прес-конференција ќе биде соопштен добитникот на наградата „Браќа Миладиновци“, а традиционално во црквата Света Софија во Охрид ќе има поетски портрет на добитникот на „Златен венец“за 2025 година Иван Штрпка од Словачка.

Традиционално, Струшките вечери на поезијата завршуваат в недела со манифестацијата „Мостови“ на Мостот на поезијата, со поетски читања и врачување на највисоките признанија, наградите „Златен венец“, „Мостови на Струга“ и „Браќа Миладиновци“.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ