понеделник, 16 февруари 2026

МОН за предлозите во Законот за високо образование во посета на универзитетите

Министерството за образование и наука од денеска почнува со посета на универзитетите во земјава во рамки на јавната расправа за Законот за високо образование.

Објавено на

часот

Сподели

Како што најави министерката за образование и наука Весна Јаневска, МОН ќе има средба со сите професори кои ќе сакаат да присуствуваат на јавната расправа, каде што ќе бидат дискутирани спорните членови.

Јаневска вели дека јавната дебата за Законот за високо образование сè уште не е завршена и дека Министерството очекува официјални забелешки од универзитетите.

„Сè уште не е завршена јавната дебата, сè уште очекуваме забелешки. Ние добиваме на ЕНЕР, добиваме и преку мејлот, но очекуваме и универзитетите официјално да ги достават своите интегрирани забелешки. Сè што сметаме дека е разумно ќе биде прифатено. Сè што сметаме дека можеби ќе претставува проблем ќе биде дискутирано. Тоа значи средба на Министерството за образование и наука со сите професори кои ќе сакаат да присуствуваат на јавната расправа, каде што ќе ги дискутираме спорните членови, и гледам дека во најголем број нема никакви забелешки. Спорни остануваат неколку членови за кои треба да се договориме и да дискутираме“, рече Јаневска.

Таа посочи дека Македонија веќе нема време за просечни и потпросечни резултати. „Потенцирам, ние веќе немаме време да си играме со образование и наука. Немаме време за просечни и потпросечни резултати кои нè доведуваат во оваа ситуација. Мора да тргнеме напред. Министерството и законски и финансиски поддржува напредок“, рече Јаневска. 

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ