Мојсоска нагласува дека станува збор за уште еден феномен во градот.
„Во Струга се случува и тој феномен, да се узурпира државно земјиште и незаконски да се гради среде бел ден, во центарот на градот. Aма ниту МВР, ниту Обвинителство, ниту општината не можат да се справат со една дивоградба“, кажа кандидатката на Левица за градоначалничка на Струга.
Во ургенцијата Мојсоска бара продолжување на постапката за бесправно градење на објект и узурпација на државно земјиште, нагласувајќи дека и покрај започнатите управни и кривични постапки, изградбата продолжува.

„Оваа дивоградба (која е една од многуте) е олицетворение на комплетниот колапс и коруптивност на системот“, истакнува таа, додавајќи дека проблемот не е во една изолирана институција, туку во „комплетна спрега на непостапување на низа институции: јавното обвинителство во Струга, државните правобранители, општината, вишото јавно обвинителство, МВР итн.“
На крајот, Мојсоска ја поврза оваа тема со пошироката состојба во земјата.
„Ова само ја потврдува тезата дека во Македонија во секоја сфера е метастазирана корупцијата и безаконието – а за тоа се виновни сите партии кои биле дел од власта досега“, порача Јована Мојсоска.






