Барајќи ја довербата од стружани на локалните избори да го заокружат бројот 6, Мојсоска изрази задоволство што е прва жена и прв левичарски кандидат за градоначалник на Струга.
„Чест ми е што сум единствен кандидат од парламентарниот блок од македонските партии и што Левица покажа дека има потенцијал и има капацитет да се тркаме и со големите играчи“, рече Мојсоска.
Посочи дека градоначалничката трка ја трча, со како што рече, надеж и апел дека борбата не може да е однапред прогласена за изгубена.
„Струга не може секогаш да е паричка за поткусурување меѓу големите играчи, дека не може политиките во Струга да се решаваат во Скопје на лидерски маси, дека Македонија е подалеку и од Групчин, и дека овој дел од Македонија не треба да биде заборавен, и да биде предмет за нечии коалициски апетити“, истакна Мојсоска.
Очекува дека овие избори, според неа, ќе бидат најбрутални.
„Апел на овие избори ќе биде дека не можеме 35 години нашиот глас да го продаваме за работно место, за работа во државно, за имам едно дете да го ставиме да ниша врата – зема плата. Таквите политики што сега ќе ги гледаме каде ќе уценуваат и купуваат гласови, стигна до тоа во Македонија секоја година да ни се случува една колективна трагедија од системски промени“, изјави Мојсоска.
Носителот на советничката листа, Климе Карамитревски вети дека во советот ќе работат на воведување ред во Струга во однос на урбанизацијата, затворање на депониите…






