четврток, 2 април 2026

МО објави оглас за прием на 300 професионални војници

Министерството за одбрана денеска го објави новиот jавен оглас за прием на 300 професионални војници во служба на македонската Армија.

Објавено на

часот

Сподели

Општите услови (да се македонски државјани, да се полнолетни и да имаат посебна здравствена и физичка способност), посебните услови (да имаат завршено средно образование и да не се постари од 25 години на денот на завршувањето на огласот за прием на професионални војници), како и сите останати детали се наведени во јавниот оглас, кој е објавен на веб-страницата на Министерството за одбрана.

„Министерството ги повикува сите млади и заинтересирани граѓани да ја искористат оваа можност, да работат во служба на татковината и да бидат дел од Армијата која нуди стабилна и сигурна кариера, континуирана обука и личен развој, развој на тимски вештини и вистински вредности“, се наведува во соопштението од Министерството за одбрана.

Јавниот оглас трае 15 дена вклучувајќи го денот на објавување.

Деталите можат да се најдат на следниот линк: https://mod.gov.mk/mk-MK/oglasikonkursi/javni-oglasi

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ