Од нив, 380 се македонски државјани, додека 78 се странски државјани. Вкупно по држави, меѓу евакуираните странски државјани има: 14 од Босна и Херцеговина, 13 од Косово, 13 од Албанија, 8 од Србија, 6 од Црна Гора, 3 од Грција, 2 од САД, како и по 1 државјанин од Украина, Германија, Ерменија и Индонезија, како и 4 лица со холандски ЕУ-пасош.
„Министерството за надворешни работи и надворешна трговија, преку дипломатско – конзуларните преставништва и дежурниот телефонски број и понатаму останува на располагање на македонските граѓани во кризните региони“, порачуваат од МНРиНТ.






