понеделник, 8 декември 2025

МНРиНТ потврди: Македонски државјанин го загубил животот во Словенија

До амбасадата на Македонија во Љубљана е доставено известување дека во текот на ноќта на 2 октомври 2025 година, животот го загубил македонски државјанин, роден во 1986 година во Кочани. Согласно информациите од словенечката полиција, блиските на починатиот се веќе известени, а случајот го разгледува Секторот за криминалистичка полиција, информира Министерството за надворешни работи и надворешна трговија.

Објавено на

часот

Сподели

„Амбасадата на Македонија во Љубљана е во контакт со семејството на починатиот и со надлежните словенечки институции, со цел обезбедување на потребната конзуларна поддршка и следење на понатамошниот тек на постапката“, соопшти МНРиНТ.

Како што претходно објавивме, пронајденото безживотно тело кое во петокот беше пријавено во полицијата на Љубљана е на 38-годишен државјанин на Македонија, потврди портпаролката на полициската управа во Љубљана, Шпела Шкопорц. Според првичните неофоцијални информации, тој бил претепан до смрт.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ