понеделник, 2 март 2026

МНРиНТ: Нема безбедни услови за евакуација на македонските граѓани од ОАЕ и Катар, се бараат алтернативи за од Израел

Според последните информации добиени од дипломатско-конзуларните претставништва на Република Македонија, во моментов повеќе од 400 македонски граѓани побарале информации во врска со можноста за евакуација, додека околу 30 од нив изразиле подготвеност да ја напуштат земјата во првата можна прилика, информираат од македонското Министерство за надворешни работи за заинтересираноста на македонските граѓани да ги напуштат земјите од Блискиот Исток, кои од 28 февруари се изложени на ракетни напади, во најновиот оружен конфликт меѓу Иран со Израел и САД.

Објавено на

часот

Сподели

„Со сите пријавени лица се одржува редовна и континуирана комуникација, при што се преземаат подготвителни активности за евентуална асистенција и нивна безбедна евакуација, во зависност од развојот на состојбата.

Паралелно, дипломатско-конзуларните претставништва ги преземаат сите неопходни мерки за подготовка и безбедна реализација на евакуацијата на граѓаните кои изразиле подготвеност за тоа. Министерството за надворешни работи и надворешна трговија е во постојана комуникација со пријателските земји и меѓународните партнери со цел координирано и успешно спроведување на постапката.

За граѓаните кои се наоѓаат во Обединетите Арапски Емирати и Државата Катар, согласно информациите и насоките од надлежните институции, во моментов не постојат безбедни услови за евакуација. За македонските државјани кои се наоѓаат во Израел, веќе активно се разгледуваат и координираат потенцијални алтернативи за нивно безбедно извлекување“, информираат од МНР и НТ.

Министерството за надворешни работи и надворешна трговија, потстетува дека преку дежурниот телефонски број и преку дипломатско-конзуларните претставништва, и понатаму останува целосно на располагање на граѓаните.

„Уште еднаш ги повикуваме сите наши државјани кои се наоѓаат во земјите од регионот доследно да ги почитуваат упатствата и насоките на локалните надлежни безбедносни органи“ , порачуваат од МНР и НТ.

 

За дополнителни информации и помош, на располагање се:

СОС дежурен телефон (МНРНТ):

075/273-732

 Амбасада на Република Македонија во Доха

Тел: +974 50 173 111

 Амбасада на Република Македонија во Абу Даби

Тел: +971 56 441 7532

 Амбасада на Република Македонија во Тел Авив

Тел: +972 54 500 8566

Тел: +972 54 967 0546

 

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ