Преку објави на Фејсбук-страницата на министерството, ги известува македонските државјани за времето и локацијата каде треба да пристигнат, по што со специјален лет ќе бидат вратени во земјава.
МНРиНТ ги информира Македонците во Саудиска Арабија утре во попладневните часови да бидат присутни на аеродромот во Ријад.
„Ве информираме дека сите македонски граѓани кои треба да се вратат во Република Македонија со специјалниот лет организиран од Владата со авиокомпанијата FlyNas, кој ќе полета од Ријад – King Khaled International Airport, потребно е да бидат присутни на аеродромот на 11 март 2026 година, во 17 часот по локално време во КСА, на терминал 1. Ги замолуваме сите патници да пристигнат навремено на аеродромот, со цел непречено завршување на процедурите пред поаѓањето на летот“, е наведено во објавата на МНРиНТ.
За македонските граѓани во Кувајт, пак, министерството информира дека ноќва, вторник спрема среда со организиран превоз со автобус ќе се поаѓа кон аеродромот во Ријад.
„Ве информираме дека ноќта во вторник спрема среда, односно на 10 март во 12:00 часот (полноќ) со организиран превоз со автобус на Флајнас ќе се поаѓа од Kuwait Riyadh – King Khaled International Airport од каде со специјален лет организиран од страна на Владата на Македонија ќе се вратите во нашата земја.
Локација на патување од Кувајт/the gathering point – location for departure of buss: https://maps.app.goo.gl/G6Xy6JT5cJKg7DHQ7?g_st=aw “, се вели во објавата за македонските граѓани во Кувајт.
Македонските граѓани во Бахреин, пак, се известуваат дека утре наутро ќе има автобус кон аеродромот во Ријад.
„Информација за македонските граѓани во Бахреин: Информираме дека в среда, на 11 март во 06.00 часот наутро, ќе поаѓа автобус на Flynas од Бахреин (Манама) za Ријад – King Khaled International Airport од каде со специјален лет организиран од владата на Македонија ќе се вратите во нашата земја.
Локација на поаѓање од Манама/ Бахреин – the gathering point – location for departure of buss: https://maps.app.goo.gl/mvgrL9SoP6LzwD4E6?g_st=awb , се наведува во известувањето на МНРиНТ.
Министерот за надворешни работи и надворешна трговија Тимчо Муцунски вчера на прес-конференција информира дека во тек е координиран процес на евакуација на македонските државјани од повеќе земји на Блискиот Исток, кој, како што рече, се очекува да биде финализиран до крајот на оваа недела.
Во неделата вечерта, вкупно 151 патник пристигнаа на скопскиот аеродром од Обединетите Арапски Емирати со лет на „Флај Дубаи“. Повеќето беа македонски државјани, еден е од Црна Гора, еден од БиХ, еден од Србија, двајца се од Косово, а четворица со холандско државјанство. Тие беа пречекани од министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски.






