понеделник, 8 декември 2025

МНРиНТ: Амбасадата во Чешка помага во формалностите за преносот на телото на Душко Чифлиганец

Министерството за надворешни работи и надворешна трговија информира дека на 2 август 2025 година, до Амбасадата на Република Македонија во Прага, Чешка, била доставена информација за тешка сообраќајна незгода со мотор, управуван од лицето Д.Ч., државјанин на Република Македонија, кој во несреќата се здобил со тешки повреди и бил пренесен во болница на лекување.

Објавено на

часот

Сподели

„По добиената информација, амбасадата веднаш стапила во контакт со семејството.

На 3 август, од страна на фамилијата на лицето Д.Ч., амбасадата била информирана дека тој им подлегнал на повредите.

Дипломатско-конзуларното претставништво во Прага е во постојана комуникација со семејството на починатиот, со цел завршување на формалните постапки и организирање на пренесување на телото во Република Македонија“, се вели во соопштението на МНРиНТ на Македонија.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ