вторник, 3 март 2026

МНР: Привршува организацијата за евакуација на македонските граѓани од Абу Даби

Министерството за надворешни работи и надворешна трговија (МНР) вечерва информираше дека, имајќи ја предвид актуелната безбедносна состојба, Амбасадата на Република Македонија во Абу Даби, во координација со локалните власти во Обединетите Арапски Емирати (ОАЕ), активно работи на финализирање на деталите околу организацијата на комерцијален лет за евакуација на македонските државјани.

Објавено на

часот

Сподели

МНР ги повикува сите граѓани кои се заинтересирани за евакуација, а сè уште не се пријавиле, во најкраток рок да стапат во контакт со Амбасадата во Абу Даби преку следните контакти, телефон +971 56 441 7532 и е-маил: [email protected].
„Безбедноста на македонските државјани останува највисок приоритет. Пријавените лица навремено ќе бидат информирани за понатамошните чекори и условите за безбедна реализација на евакуацијата“, велат од МНР.
ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ