среда, 4 март 2026

МНР преку тендер ќе организира чартер летови за евакуација на македонските граѓани од Блискиот Исток

Министерството за надворешни работи и надворешна трговија (МНР) информира дека е почната постапка за јавна набавка за организација на чартер летови за евакуација на македонските државјани кои се наоѓаат во погодените области на Блискиот Исток. За оваа намена предвидени се 60 милиони денари обезбедени од буџетот на МНР.

Објавено на

часот

Сподели

„Имајќи ја предвид итноста и фактот дека безбедносната состојба тековно се менува, постапката ќе се спроведе согласно Законот за јавни набавки, со примена на скратени рокови предвидени за вакви ситуации. За реализација на оваа услуга се предвидени средства во износ до 60 милиони денари, обезбедени во Буџетот на Министерството за надворешни работи и надворешна трговија. Во зависност од конечниот број на пријавени македонски државјани и бројот на чартер-летови што ќе се реализираат, можно е да биде искористен само дел од предвидениот износ“, информира Министерството за надворешни работи и надворешна трговија.

Претходно, Министерството информираше дека досега 632 македонски граѓани побарале евакуација. Дел од нив ќе се враќаат во земјава со чартер летови, а дел со владиниот авион.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ