„Конзулатот е во редовна комуникација со семејството на починатото лице, со цел завршување на сите неопходни административни постапки за транспорт на посмртните останки во Македонија“, се наведува во соопштението.
Весникот „Ла Трибуна ди Тревизо” објави дека девојчето, Адна Ислам, со македонско потекло и жителка на Кавасо дел Томба, било со своето семејство, родителите Ихмет и Наила и помалите брат и сестра, на попладневен одмор покрај брегот на реката Пјаве.
„Малата Адна си играла на камењата со други девојчиња кога се лизнала и паднала во реката и исчезнала веднаш, повлечена од водната струја“, пишува весникот.
Брзо пристигнале пожарникари, карабинери и нуркачи. Нуркачите од противпожарната бригада го пронашле телото на несреќното девојче околу 18:30 часот, заробено меѓу камења.
Како што пишува весникот, градоначалникот и неговата заменичка трогнати од несреќата изразиле длабоко сочувство и подготвеност да му помогнат на семејството на секој начин.