сабота, 28 февруари 2026

МНР: Единаесет македонски граѓани побарале евакуација од Израел

Единаесет македонски државјани досега побарале евакуација од Израел, соопшти Министерството за надворешни работи и надворешна трговија (МНР).

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

„Согласно последните информации, воздушниот простор останува затворен најмалку до понеделник. По неговото повторно отворање ќе бидат разгледани можностите и моделите за организирање евентуална евакуација, во согласност со околностите и безбедносната состојба. Во оваа фаза, препораката до нашите државјани е внимателно да ги следат официјалните известувања на израелските власти, да постапуваат согласно безбедносните протоколи и да останат во засолништа кога тоа е наложено“, информира Министерството.

Во однос на дипломатско-конзуларните претставништва во Доха и Абу Даби, заклучно со овој момент ниту еден македонски државјанин нема побарано евакуација.

„Министерството за надворешни работи и надворешна трговија, преку амбасадите во Тел Авив, Доха и Абу Даби, како и преку дежурните служби, е во континуирана комуникација и целосно на располагање на македонските државјани за потребна помош и координација“, наведуваат од МНР.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ