понеделник, 23 февруари 2026

МНР апелира до македонските државјани во Мексико да ја напуштат државата

Поради влошената безбедносна состојба во Мексико, Министерството за надворешни работи и надворешна трговија (МНР) апелира до македонските државјани, кои се наоѓаат на територијата на оваа држава, да ја напуштат во првата и безбедна можност.

Објавено на

часот

Сподели

Како што се наведува во соопштението на МНР, во исто време се препорачува одложување на сите патувања кон Мексико, кои не се од итен и неопходен карактер.

„Министерството ги става на располагање сите свои капацитети за асистенција на државјаните на Република Северна Македонија преку 24-часовниот СОС-дежурен телефон: +389 75 268 736, електронската адреса: [email protected], како и преку дежурниот телефонски број на Дипломатско-конзуларното претставништво на Република Северна Македонија во Вашингтон: +1 (202) 758-7798 или на имејл-адресата: [email protected] -“, наведуваат од Министерството.

Од таму додаваат дека Министерството континуирано ја следи состојбата и навремено ќе ја информира јавноста.

Мексико се соочува со бран насилства и блокади по убиството на Немесио Осегуера, познат како Ел Менчо, водач на моќниот картел на новата генерација Халиско (ЦХНГ), кој беше убиен за време на воена рација. Операцијата предизвика насилна реакција од картелот. Членови на банди во неколку држави, вклучувајќи ги Халиско, Мичоакан, Агваскалиентес, Тамаулипас и Гванахуато, ги блокираа патиштата со запалени автомобили, камиони и автобуси. Пожари беа подметнати и во аптеки и мали малопродажни продавници. Во градот Пуерто Ваљарта на брегот на Пацификот, кој е популарен меѓу туристите, на видео објавено на интернет се гледаат запалени автомобили и големи црни облаци чад што се издигаат меѓу зградите. Властите ги повикаа луѓето да се засолнат. 

МИА

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ