вторник, 3 март 2026

МНР: 473 македонски државјани затекнати во загрозените подрачја на Блискиот исток побарале помош од државата

Министерството за надворешни работи и надворешна трговија (МНР) информира дека согласно последните податоци, од почетокот на конфликтот до денес вкупно 473 македонски државјани контактирале со дипломатско-конзуларните претставништва на Република Северна Македонија во Тел Авив, Доха и Абу Даби.

Објавено на

часот

Сподели

„Од нив, 19 лица се пријавени од Израел, 106 од Катар, додека 348 граѓани се обратиле до ДКП Абу Даби. Во оваа бројка се вклучени и 18 лица од Кувајт, како и 12 лица од Бахреин“, соопшти МНР.

Согласно информациите добиени од надлежните власти, сè уште не се препорачува евакуација по копнен пат за граѓаните кои се наоѓаат во Катар и Обединетите Арапски Емирати. Евакуацијата ќе биде почната во првата безбедна прилика, при што веќе се разгледуваат можностите за нивно безбедно извлекување веднаш штом се создадат соодветни услови.

Во однос на македонските државјани кои се наоѓаат во Тел Авив, од МНР велат дека активно ги разгледуваат можните алтернативи за нивно безбедно извлекување од државата.

„Уште еднаш апелираме до македонските државјани редовно да ги следат предупредувањата и насоките на локалните надлежни органи. На 24-часовно располагање остануваат дежурните телефонски броеви на кризниот штаб при Министерството за надворешни работи и надворешна трговија, како и контактите на дипломатско-конзуларните претставништва“, наведуваат од Министерството.

Од Министерството дополнуваат дека за сите дополнителни информации јавноста ќе биде навремено информирана.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ