„Но, билборд-компаниите се уплашија дека ќе трпат последици од страна на Владата ако ја објават нашата кампања“, велат од ММДЧП, потсетувајќи на случај од нивна претходна кампања, дека и покрај тоа што компаниите ја испочитувале наредбата на претходната влада ( кога премиер бил Зоран Заев) и ги отстраниле билбордите – сепак добиле високи казни, и се соочиле со истраги и засилени закани и заплашување.
Освен тоа, од ММДЧП се разочарани што и актуелната влада, предводена од ВМРО-ДПМНЕ „продолжува да ги слуша наредбите од САД дека не смее да се поништи илегалното менување на името, кое САД ни го наметнаа за да ја поддржат грчката кампања за културолошки геноцид на Македонците“.
„Но Македонците не трпат закани и како одговор на неактивноста на билборд- компаниите, низ земјата почнаа да се шират постери со кои се бара враќање на македонското име“, порачуваат од ММДЧП.
Воедно апелираат и бараат поддршка за приклучување на нивната кампања за дистрибуција на овие постери, како и донации за кампањата на ММДЧП за враќање на името на Македонија.
Македонското меѓународно движење за човекови права (ММДЧП) активно работи на полето на човекови и национални права на Македонците и другите обесправени народи од своето основање во 1986 година.






