„Бараме поништување на илегален закон, со што македонското право ќе се усогласи со меѓународното право, повелбата на ОН и повеќе меѓународни конвенции за човекови права, кои беа грубо прекршени кога ни беше наметната промената на името.
Актуелната кампања на ММДЧП и барањето за враќање на името на Македонија се состои од објавување билборди, но компаниите за билборди се плашат дека ќе трпат последици од Владата ако ја објават нашата кампањата.
Ние ќе продолжиме да ги разоткриваме оние кои ги кршат правата на Македонците, како што многу добро знае поранешниот режим на Заев. Низ Македонија се проширија плакати со барање за враќање на името на Македонија, и Македонците одбиваат да подлегнат на заканите. Ги повикуваме билборд-компаниите да ја покажат истата храброст и да застанат во одбрана на нашите права, а притоа да бидат свесни дека ќе ја имаат целосната поддршка од нас доколку владата преземе казнени мерки против нив“, соопшти ММДЧП.






