понеделник, 8 декември 2025

ММДЧП бара итно враќање на македонското име и тоа да се објави пред Генералното собрание на ОН

Македонското меѓународно движење за човекови права бара итно поништување на „Договорот од Преспа“, кој ни беше наметнат од САД/Западот и со кој во 2019 година илегално и присилно, спротивно на меѓународното право и бројни меѓународни конвенции за човековите права, македонскиот Устав и собранискиот Деловник се смени името на Македонија во крајно навредливото „Северна Македонија“, се вели во соопштението на ова македонско здружение со седиште во Канада.

Објавено на

часот

Сподели

„Поништувањето на овој илегален договор ќе го врати името на Македонија и ќе го заштити нашето право на самоопределување.

Објавувањето на оваа одлука пред 80-тата сесија на Генералното Собрание на Обединетите Нации, која е во тек (од 23 до 30 септември) ќе му покаже на светот дека Македонија нема веќе да се потчинува на американските и западните условувања и дволичност. За жал, очекуваме дека македонската Влада ќе продолжи во целост да ги повторува западните ставови, да тврди дека ги почитува ‘човековите права, демократијата и владеењето на правото’ додека истовремено буквално ги уништува овие идеали за луѓето ширум светот. Најочигледниот и ужаснувачки пример е учеството во израелскиот геноцид во Палестина, кој е помогнат од Западот.

Доколку, како што очекуваме, не се преземе ништо, ММДЧП ќе бара одговор од македонската Влада како и зошто дозволува толку брутално да се крши владеењето на правото, на непрекината и експоненцијално зголемена штета на македонскиот народ. Со цел да и помогнат на Грција во нејзината кампања да го искорени постоењето на името, етничкиот идентитет, културата и историјата на Македонците (што е основата на „Договорот од Преспа“) – а особено да ги прикрие невидените кршења на човековите права што Грција ги направи против домородното етничко македонско население откако ја анектираше Егејска Македонија во 1913 година – Соединетите Американски Држави ја принудија Македонија да си го промени името, во замена за тоа Грција да го укине своето вето за кандидатурата за членство на Македонија во НАТО, со што дополнително се зацементира хегемонијата на САД во регионот. СAД го инсталираа режимот на Зоран Заев во 2016/2017 година, покренувајќи присилна промена на името и брутално задушување на сите изрази на спротиставување, со масовно кршење на човековите права на Македонците.
И покрај тоа што ‘Договорот од Преспа’ беше масовно отфрлен од Македонците на референдумот на 30 септември 2018 година, тој сепак беше спроведен со сила од страна на режимот.
Меѓу незаконските елементи во присилната промена на името, членот 75 од македонскиот Устав предвидува дека претседателот на Македонија мора да потпише секој уставен амандман, што претседателот Ѓорги Иванов никогаш не го стори. Овој факт не е ни оспорен од поранешниот режим или од СAД, и е истакнат на официјалната интернет страница на македонската Влада

Бaрaмe Гордана Сиљановска-Давкова и премиерот Христијан Мицкоски веднаш да го прогласат за ништовен незаконскиот ‘Договор од Преспа’, со што ќе се врати вистинското име на Македонија. Како што директно им беше пренесено на претседателката Сиљановска, на премиерот Мицкоски, на сите македонски политичари и на лидерите и политичарите од другите народи ширум светот, незаконскиот закон не е закон. ММДЧП ги отфрла сите изговори дадени од македонските политичари како прво да се вршат преговорите за името на Македонија, а сега и одбивањето да се раскине менувањето на името. Изјавата дека ќе го ‘почитуваат Договорот од Преспа’ е целосно предавство на Македонците и на демократските вредности и принципите за човекови права кои западните лидери тврдат дека ги поддржуваат. Повикувајќи се на европското и меѓународното право го браниме правото на Македонија на самоопределување, наспроти тврдењата дека тоа го оправдува нивното кршење“, се вели во апелот на ММДЧП.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ