понеделник, 8 декември 2025

Младите на ЗНАМ формираат Клуб на млади

На последниот ден од Летниот камп во Струга, петнаесет млади луѓе – претставници на општинските организации на Движењето ЗНАМ за Наша Македонија од целата држава – ја потпишаа иницијативата за формирање Клуб на млади.

Објавено на

часот

Сподели

Како што истакнаа, ова не е само организациска форма, туку почеток на нова младинска политичка енергија што треба да ја движи Македонија напред. Клубот ќе биде отворена платформа за сите млади кои сакаат да предложат идеи, визии и решенија, од кои ќе произлегуваат конкретни политики за иднината на државата.

„Ние сме генерацијата што нема да ја напушти Македонија. Ние сме оние што ја сакаат, ја негуваат и ќе ја градат со срце и визија. Денес во Струга го поставивме темелот на младинската сила што ќе ја носи Македонија таму каде што заслужува – во кругот на модерните, праведни и европски држави,“ порачале младите потписници на иницијативата.

Во рамки на активностите, младите на ЗНАМ ја најавија и подготовката на Декларација на младите – документ што ќе ја содржи нивната визија, вредности и цели за Македонија и ќе биде патоказ за генерациите што доаѓаат.

Според иницијаторите, Клубот на млади на Движењето ЗНАМ ќе претставува „училиште за идеи и лидерство, глас на младината и двигател на промените“.

Со вакви иницијативи, младите на ЗНАМ порачаа дека Македонија има иднина – силна, обединета и исполнета со надеж.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ