понеделник, 15 декември 2025

Младите брачни парови од Берово ќе можат да градат куќи без да платат надоместок за изградба

Советот на Општина Берово донесе одлука за ослободување од плаќање на надоместок за уредување на градежно земјиште за изградба на индивидуални станбени објекти, наменета за млади брачни парови до 35-годишна возраст.

Објавено на

часот

Сподели

Како што информираат од општината, мерката е дел од напорите за задржување на младите во родниот крај и обезбедување подобри услови за изградба на сопствен дом.

Според одлуката, сите заинтересирани млади кои исполнуваат услови ќе можат да добијат уредено градежно земјиште без да платат надоместок за негово уредување.

„Целта е да се поддржат младите семејства, да се намалат трошоците при изградбата и да се создадат услови за останување и живот во Берово. Ова е поттик и за оние кои сакаат да го изберат нашиот град како своја иднина“, наведуваат од Општина Берово.

Оттаму додаваат дека ваквите мерки се показател за стремежот на локалната самоуправа да гради амбиент погоден за достоинствен живот, во сопствен дом и на сопствен имот.

Со оваа мерка, Берово како што подвлекоа, се позиционира како една од прогресивните општини во државата кога станува збор за поддршка на младите и стимулирање на населување.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ