„На ректорската управа на УКИМ им најавуваме – сон нема да имате, ако ова го изгласате! Студенти, младино, спремете се за борба – ова нема да помине“, се вели во реакцијата на Црвена младина.
Младината на Левица со порака до УКИМ: Сон нема да имате ако ова го изгласате!
Во ректорската управа на УКИМ сериозно се дискутирало и се најавува двојно покачување на партиципацијата за додипломски, постдипломски и докторски студии за сите новозапишани студенти. На одредени факултети веќе им било најавено дека цената за партиципација за државна квота на додипломски студии би изнесувала 200 до 400 евра, наместо досегашните 100, а за приватна квота од 400 до 800 евра. Ние се залагаме за бесплатно образование за сите, без скриени трошоци, се вели во реакцијата на Црвена младина, младинската организација на Левица.

Објавено на
часот





