понеделник, 8 декември 2025

Млади за Македонија: Со бугарски знамиња е вандализиран празникот Водици во Гевгелија

Светиот Крст е носен по Гевгелија во потрага по Бугари и во бугарски клуб. Невладината организација Млади за Македонија најостро регира на вчерашниот инцидент во Гевгелија со веење на бугарско знаме и пропратното шетање на светиот крст во Гевгелија во потрага на „локални Бугари“ во Гевгелија.

Објавено на

часот

Сподели

Првиот и единствен дом кој го посети крстот е новоформираниот бугарски клуб во Гевгелија, формиран со подмитување на ромската зедница во Гевгелија, велат од Млади за Македонија.

„Немаме ништо против странски државјани да скокаат по светиот крст на Водици, но имаме против веење на бугарски знамиња на Водици, со кое се истакнуваат територијални претензии кон територијата на Македонија. Потсетуваме дека власта го гонеше нашиот адвокат Тони Менкиноски за истакнување на сонцето од Кутлеш во Охрид, но институциите молчат и дозволуваат веење на бугарското знмае во Гевгелија.

Нема да дозволиме злоупотреба на религијата во ширење на бугарската пропаганда во Гевгелија. Конкретно, за фрлање по крстот за Водици во Гевгелија дозволено е пријавување на кој било без притоа да се бара крштевка, а на настанот се пријавиле бугарски државјани, од кои еден е трето пласиран светски шампион во пливање во студени води. Тој го искористува настанот за да ги провоцира и иритира Македонците. Ова е национално понижување за секој Македонец. Власта го судеше нашиот адвокат за сонцето од Кутлеш, Општина Гевгелија го брусеше сонцето од Кутлеш од спомениците, но на истите институции не им пречи истакнување на бугарското знаме. Се работи за истото знаме под кое Бугарите во гевгелиско колеа, силуваа, палеа цели села и ѕверски убиваа Македонци. Има живи сведоци на бугарските ѕверства, а оваа знаме предизвикува негативна траума поради злосторствата на кои биле сведоци.

Шокирани сме што со провокаторот се фотографирале и гордо објавиле фотографии министерката за животка средина Каја Шукова, градоначалникот на Гевгелија Андон Сарамандов и пратеничката Ангелинка Петкова.

Јавно бараме реакција од градоначалникот Сарамандов, министерката Шукова, пратеничката Петкова, пд Министерството за внатрешни работи, од Синодот на Македонската православна црква“, се вели во реакцијата на Млади за Македонија.

 

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ