Почитуван екс-цар Саксобурготски,
На 16 јуни 1943, во чест на вашиот роденден како престолонаследник на тронот на Бугарија, бугарскиот фашистички окупатор ги убива сите деца во македонското село Ваташа. Овој масакар е само капка во морето од безброј злосторства извршени во име на бугарскиот цар – во име на вашиот татко и вас!
Вашата кралска династија во Бугарија, сè со цел да остане на власт, го промовираше бугарскиот шовинизам во Македонија, кој предизвика далекусежни последици по цел Балкан, со многу страдање на македонскиот народ. Вашето семејство владееше со Бугарија кога таа ја окупираше Македонија, убиваше, прогонуваше, и се обидуваше да го избрише македонскиот народ. Безброј злосторства, злодела и страдања! Вие сте единствен преживеан шеф на држава од фашистичкиот блок, формално правно вие бевте сојузник на Адолф Хитлер и Мусолини. Но нека историјата биде потсетник за злосторствата и масакрите никогаш повеќе да не се повторат.
Но светот има примери на достоинство и помирување. Во 1970 година, германскиот канцелар Вили Брант клекна во Варшава, пред споменикот на жртвите од нацистичките злосторства. Тој не беше директен виновник, но го понесе товарот на историјата и на одговорноста. Со едно клечење кажа сè! Српскиот претседател Борис Тадиќ дојде во Македонија и се извини за српските злосторства од кралството. Иако тие злосторства не се ни еден процент од она што бугарскиот фашистички окупатор го направи – сепак, тој се извини.
Ајде да отвориме ново поглавје помеѓу нашите два народa и држави, ајде да иницираме помирување и да изградиме мостови на пријателство. Господине екс-цар, имате обврска и должност да се извините! Господине Саксобургготски, како што Вили Брант клекна во Варшава и се извини, ве повикуваме и вас, дојдете во Ваташа, клекнете и извинете се!
Извинете се за историјата што не ја осудивте. Извинете се за политиката што ја наследивте. Извинете се за злосторствата што беа сторени во ваше име, во ваше време, и под ваше знаме.
Историјата нема да ве запамети по тоа што сте биле цар. Таа ќе ве запамети по тоа дали сте имале доблест да признаете вистина и да се извините на македонскиот народ од име на Бугарија!
Дојдете во Македонија, клекнете и извинете се!
Со почит,
Млади за Македонија