„Причините за доцнењето се заради усогласување на пресметките за плати со Министерството за финанасии, стои во соопштението од Министерството за култура и туризам.
Синдикатот на културата претходно преку соопштение изрази незадоволство поради неисплатените мартовски плати поради, како што наведуваат, ненавременото усогласување со минималната плата согласно одредбите од Колективниот договор за култура и со Општиот колективен договор.
„Вработените во културата во Република Македонија останаа со едно големо ништо за најголемиот христијански празник „Велигден“. Секој март од 2021 па наваму, кога се коригира минималната плата и кога платите во културата треба да се усогласат со минималната плата според Колективниот договор за култура, и оваа година, вработените во културата се соочија со проблеми. Овој пат – и БЕЗ ПЛАТА! За државата и институциите или е спорно усогласувањето со минималната плата, според КД за култура, или се спорни 10% според општиот колективен договор дадени пред 2 години на цел јавен сектор без исклучок“, наведоа од Синдикатот.
Синдикатот посочи дека според Колективниот договор за култура, платата треба да се исплати до 10-ти во месецот, а според законите во државата до 15-ти, но дека до тоа не дошло, поради што најавија протести во вторник.