Меморандумот го потпишаа директорот на Македонското кредитно биро Тони Трајанов, ректорот на Американскиот Универзитет на Европа – ФОН, проф. д-р Саво Ашталкоски и директорката Сезен Цаноска. Оваа соработка претставува заедничка заложба за создавање на услови кои ќе овозможат трансфер на знаење, истражувачка соработка, стручна експертиза, како и реализација на практична настава и професионални обуки.
Соработка опфаќа широк спектар на активности, меѓу кои спроведување на заеднички научни и стручни истражувања, организирање на конференции, семинари, курсеви и други образовни настани, вклучување на експерти, гостински предавања од МКБ на АУЕ – ФОН, стекнување на практични вештини од страна на студентите преку клиничка настава и обуки во реална работна средина, заедничко учество на кариерни саеми и други настани насочени кон развој на човечки капитал.
Целта на оваа соработка е да се обезбеди трансфер на знаење и искуство помеѓу академскaта заедница и бизнис секторот, со фокус на создавање кадар подготвен да одговори на современите предизвици и потреби на пазарот на труд. Иницијативата има за цел и да ја зајакне врската меѓу образованието и практиката, во насока на креирање на реални можности за младите и идните професионалци.
МКБ и АУЕ – ФОН потпишаа меморандум за соработка
Македонското кредитно биро (МКБ) и Американскиот Универзитет на Европа – ФОН потпишаа Меморандум за соработка кој означува почеток на една значајна институционална врска насочена кон унапредување на знаењето, образованието и практичната примена на вештини меѓу студентите.

Објавено на
часот