петок, 5 декември 2025

Митевски, Глишиќ и Ибрахим добитници на наградата „Св. Климент Охридски“

Академик Витомир Митевски, филозоф и класичен филолог, композиторот Живоин Глишиќ и ликовниот уметник Беди Ибрахим се добитници на државната награда „Св. Климент Охридски“ за 2025 година.

Објавено на

часот

Сподели

На свеченоста што ќе се одржи на 8 декември во Кристалната сала на Собранието, Одборот за доделување на наградата ќе го врачи највисокото признание за долгогодишни остварувања во областа на воспитанието, образованието, културата, уметноста, здравството, заштитата и унапредувањето на човековата околина и во социјалната дејност од јавен интерес на Македонија.

Академик Митевски ја добива наградата за своите придонеси во областа на воспитанието и образованието, додека Глишиќ и Ибрахим се наградени за значајни остварувања во културата и уметноста.

Државната награда „Св. Климент Охридски“ претставува највисоко признание што се доделува за заслуги од јавен интерес во Република Северна Македонија.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ