Ја менуваме парадигмата – како што веќе потенциравме, од пасивни мерки одиме кон активна поддршка, обучување и реална вклученост на пазарот на труд. Денешен фокус е мерката Обуки. Од самата содржина на оваа прес-конференција ќе забележите зошто цениме дека ова е исклучително важно. Ова не се само обуки – ова се шанси. Шанси за секој кој сè уште ја чека својата прва работа, шанси за жените кои со години беа оставени надвор од системот, за младите кои бараат нов почеток и за сите кои сакаат да станат дел од нова зелена, дигитална и општествено одговорна економија“, рече Митева.
Во рамки на мерката Обуки, предвидено е да бидат опфатени повеќе од 2.000 лица, со различни профили на поддршка согласно нивните потреби, но и пазарните реалности.
Првата обука е наменета за невработени лица кои се регистрирани во Агенцијата за вработување и оваа обука ќе биде кај конкретен работодавач, на конкретно работно место. Овде се вклучени се 245 лица.
„Приоритет имаат жени, млади до 29 години и долгорочно невработени лица. Секоја личност ќе добива надоместок од 12.000 денари месечно, за време на обуката којашто е во времетраење до 3 месеци. Втората обука се однесува на обука за веќе побарувани занимања на пазарот на труд. Овде пак, се опфатени 600 лица и фокусот на обуките е потврден со социјалните услуги, зелените работни места и трговијата и услугите. Исто како и во претходната и овде надоместокот ќе биде до 12.000 денари месечно.
Обуки за напредни и основни вештини, тоа се однесува на обуките коишто се за компјутерски вештини и јазични обуки и опфаќаме 720 лица. Јас лично би сакала да ги истакнам обуките коишто се однесуваат на напредни дигитални и ИТ обуки, коишто се преку лиценцирани програми. Ќе можете од документот да видите за кои обуки, колку актуелни обуки коишто се навистина побарувани во овој период од страна на многу млади, многу граѓани се вклучени во оваа мерка, колку се навистина истите овие и финансиски оптеретувања за младите. Сега ќе можат да бидат опфатени и да ги искористат 470 лица, а секој учесник ќе добие меѓународно признат сертификат, што значително ќе ја зголеми неговата или нејзината конкурентност на пазарот на труд“, рече Митева и истаква дека ова е Влада којашто ги менува правилата – со посветеност, но и со нудење на нови решенија.